Јувентус со нова победа го зголеми водството пред Наполи (Видео)

juve-atalanta1

Екипата на Јувентус ја совлада Аталанта со 2:0 во заостанат натпревар од италијанската Серија А, со што го зголеми и водството на табелата зад второпласираниот Наполи.

Во Торино домаќините тргнаа со силен состав, а првата реализација дојде во 29. минута кога Игуаин ја искористи одличната аситенција на Коста и го отвори резултатот во корист на Јувентус.

Тој резултат беше активен се до 81. минута кога Матуиди ги постави конечните 2:0, а само една минута претходно Манчини заработи втор жолт и црвен картон откако мораше принудно да го прекине неочекуваниот пробив на Кјелини на работ на шеснаесетникот. Аталанта со играч помалку подоцна прими гол, а до крајот не можеше да стори ништо повеќе за да го избегне поразот.

Тимот од Бергамо останува на 41 бод на 8. место на табелата, додека Јувентус има 74 или четири повеќе од најголемиот ривал за титулата Наполи.

Facebook Коментари