Поврзете се со нас

Италија

Јувентус не успеа да ја победи и Верона (Видео)

Објавено

на

Неубедливата серија на Јувентус продолжи и на дуелот против Верона на домашен терен, па „бјанконерите“ освоија само бод по ремито 1:1 во Торино.

Верона добро го започна натпреварот, имаше неколку сериозни обиди, додека на спротивната страна Куадрадо ја погоди гредата, а на Мората второ коло по ред му беше поништен гол поради минимален офсајд.

Второто полувреме донесе предност за гостите кои по една полуконтра реализираа преку резервистот Фавили во 60. минута.

Малерозниот напаѓач се повреди при постигнувањето на голот и веднаш ја напушти играта, а Јувентус ја презема иницијативата и преку нововлезениот Кулушевски израмнија во 78. минута.

Последните речиси дваесет минути се играа во половината на Верона, но Јувентус не ги искористи своите шанси и на крајот гостите беа посреќни од конечниот резултат 1:1

Ова е трето реми по ред за Јувентус во Серија А (ако не се смета дуелот со Наполи), вкупно екипата има 9 бодови, три помалку од лидерот Милан, кој има и натпревар помалку. Верона е блиску со 7 бодови по пет кола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни