Поврзете се со нас

Италија

Јувентус не постигна гол, но обезбеди финале во Копа Италија (Видео)

Објавено

на

Кристијано Роналдо не реализираше пенал, Милан голем дел од натпреварот играше без Анте Ребиќ, а Јувентус и Милан одиграа без голови (0:0) во реваншот од полуфиналето на италијанскиот куп.

Овој резултат го води Јувентус во финалето поради резултатот 1:1 од првата средба, а фудбалските фанови сепак ќе бидат незадоволни поради фактот што не видоа погодок на дуелот со кој се означи враќањето на италијанскиот фудбал по долгата пауза поради коронавирусот.

Конти играше со рака во својот шеснаесетник, но Роналдо првпат сезона не реализираше пенал, погодувајќи го дирекот од голот на Донарума, за во продолжение од акцијата Ребиќ со кунг-фу удар да го нокаутира Данило, по што заработи исклучување.

Јувентус имаше уште неколку шанси до крајот, Милан со играч помалку неколку пати се закани кон голот на Буфон, но до крајот немаше реализација и средбата заврши со најнепопуларниот резултат.

Во второто полуфинале, утре Наполи го пречекува Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни