Поврзете се со нас

Италија

Јувентус не доживеал ваков срам на домашен терен речиси шест децении (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfc

Јувентус полека се простува од битката за Скудетото во која заполови благодарение на добрата серија во домашното првенство, низа на која и дојде крај оваа вечер во Торино.

Во големата дерби пресметка со Аталанта, тимот на Тиаго Мота доживеа фудбалска лекција на домашен терен, и тоа со резултат кој влегува во негативните фудбалски читанки на фудбалскиот великан од Торино.

За првпат после 58 години, Јувентус прими четири гола на еден натпревар на домашен терен во Серија А, па затоа овој пораз од Аталанта изразен со резултат 0:4 е и нова историја во Серија А.

Јуве последен пат загубил 0:4 на домашен терен во далечната 1967-ма година, што значи дека потребно беше да минат речиси шест децении за да се дочека идентичен потоп во Торино.

Последниот пораз со резултат 0:4 е претрпен во градска пресметка со Торино, која тогаш била играна на „Комунале“ стадионот кој и ден денеска е дом на „биковите“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни