Поврзете се со нас

Италија

Јувентус направи пресврт, но немаше решение за Копмајнерс (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

Јувентус сериозно размислува да го ангажира Теун Копмајнерс во летниот преоден рок, а после денешниот ден ќе има уште неколку причини плус да размислува за такво нешто.

Аталанта успеа да освои бод на тешкото гостување во Торино благодарение на холандскиот фудбалер, кој најпрво го донесе својот тим во водство, а потоа и израмни на 2:2.

Гостите од Бергамо поведоа преку својот најдобар играч во 35-та минута и го натераа Јувентус да фрли се на една карта, па со таква игра, „старата дама“ успеа да постигне два гола во четири минути.

Камбијасо и Милик погодија во периодот од 66-та до 70-та минута и се погрижија за пресврт, но Аталанта не се откажа и стигна до бод со вториот гол на Копмајнерс.

Со ова реми, Јувентус ја продлабочи својата криза и веќе не е ниту на втората позиција во Серија А, односно истата сега му припаѓа на Милан кој победи порано денеска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни