Поврзете се со нас

Италија

Јувентус најде „идеална“ формула за Влаховиќ, испраќа еден фудбалер во Фиорентина

Објавено

на

Јувнтус по секоја цена сака да го обезбеди потписот на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, а раководството мора да се бори со финансиски помоќните понуди на премиерлигашите заинтересирани за истиот фудбалер.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Јувентус испратил нова понуда до „виолетовите“, а според истата клубот би платил 35 милиони евра и би го испратил Дејан Кулушевски во спротивна насока.

Јувентус сака да го добие Влаховиќ по секоја цена, па за таа цел би го жртвувал и шведскиот репрезентативец со македонско потекло, иако и самиот Кулушевски треба да прифати да учествува во овој „трејд“.

Во Торино инсистираат ситуацијата да биде разрешена уште овој месец, затоа што во јуни ги очекува уште пожестока конкуренција за потписот на Влаховиќ.

Фиорентина најмалку сака да го засили традиционално омразениот ривал, но Влаховиќ инсистира токму на трансфер во редовите на „бјанконерите“, па затоа и во Фиренца мора да направат компромис во однос на неговата следна дестинација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни