Поврзете се со нас

Италија

Јувентус може да му го „украде“ планираното засилување на Наполи

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Наполи сака да ги освежи своите редови во овој зимски преоден рок, свежа крв која би помогнала екипата да се разбуди и конечно да заличи на оној шампионски тим од минатата кампања.

Една од главните цели на наполитанците е српскиот интернационалец Лазар Самарџиќ од редовите на Удинезе. Се појавија вести дека Наполи веќе се договорил со клубот од Удине, ама проблем се личните услови и поради тоа не се затвара операцијата.

Во меѓувреме интерес пројави и премиерлигашот Брајтон, а според „Тутомеркатовеб“ и Јувентус се вклучил во трката. Гледајќи ја целата оваа ситуација, „бјанконерите“ стапиле во контакт со застапниците на Лазар и таткото на играчот дал зелено светли за преселба во Торино.

Сега „старата дама“ се подготвува за преговори со Удинезе кој бара 25 милиони евра. Останува да се види како Јуве ќе се постави, дали ќе најде соодветно решение и да го „грабне“ Самарџиќ пред носот на Наполи и Брајтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни