Италија
Јувентус конечно договори трансфер за кој преговараше долг период
Реконструкцијата на првиот тим на Јувентус по доаѓањето на Тиаго Мота очекувано подразбира и неколку засилувања кои треба да го комплетираат ростерот на тимот од Торино, а по долги преговори денеска е договорен трансфер за кој се зборува подолго време.
Раководството на „бјанконерите“ долг период преговараат за потписот на Нико Гонзалес од редовите на Фиорентина, а денеска конечно двете страни си подале рака и Аргентинецот ќе пристигне на прегледи во медицинскиот центар на Јувентус.
Гонзалес имал повеќе понуди, но инсистирал на трансфер во Јувентус и одамна ги имаше договорено личните услови со раководството на клубот.
Фиорентина десетина дена не ги прифаќаше понудите на ривалот кои надминуваа 30 милиони евра, за денеска да биде официјализиран пакетот кој ќе вклучува фиксна сума и одредени бонуси за активирање.
Јуве допрва ќе ги потврди финаниските параметри, но последните најави се дека вкупната сума нема да надмине 38 милиони евра.
Гонзалес дојде во Фиорентина од Штутгарт во 2021 година, а ќе биде уште еден играч кој од Фиренца ќе се пресели во редовите на „бјанконерите“.
-
Балканпред 18 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 17 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 19 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 18 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Шпанијапред 16 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
Англијапред 15 часа
Мареска објасни што очекува од Санчо по трансферот од Јунајтед
-
АТПпред 14 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…