Поврзете се со нас

Италија

Јувентус ќе се обиде да го врати Марота на директорска функција

Објавено

на

Новото раководство на Јувентус се соочува со тежок период, во кој ќе треба да се одбрани од обвинувањата за одредени финансиски малверзации во минатото, но треба да размислува и за иднината на клубот.

Италијанските медиуми тврдат дека една од основните цели на челниците ќе биде да го вратат Бепе Марота на директорска функција.

Актуелниот извршен директор на Интер имаше одредени недоразбирања со Андреа Ањели и неговите најблиски соработници, но фактот што сега има нов претседател отвора можност за преговори.

Марота беше извршен директор и веројатно повторно ќе му биде доделена таа функција, но би бил задолжен за спортскиот дел и трансферите.

Марота претходно беше во Јувентус во периодот од 2010 до 2018 година и е еден од најзаслужните за долгата доминација на „бјанконерите“ во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни