Италија
Јувентус ќе профитира од потписот на Шчесни за Барселона
Војчех Шчесни речиси сигурно ќе ја засили Барселона како итно решение по повредата на Марк-Андре Тер Штеген, а ваквиот расплет на случувањата оди во прилог и на неговиот поранешен клуб Јувентус.
Полјакот и Јувентус постигнаа договор за завршување на соработката една година пред истекот на договорот, со исплата на 4 милиони евра на сметката на голманот, но во истиот договор имало и клаузула со која италијанскиот клуб сакал да се заштити од актуелното сценарио.
Шчесни ќе заработи двојно помалку ако потпише за друг клуб во одреден временски период, а бидејќи тоа ќе се случи деновиве, полскиот голман ќе му заштеди на Јуве сума од 2 милиони евра.
Тренерот Ханси Флик го издвоил токму Шчесни како свој прв фаворит да го замени Тер Штеген сезонава, а изјавите на полскиот интернационалец наведуваат на заклучок дека тој е подготвен веднаш да застане на голот на Барса.
Претходно, Шчесни објави дека ја завршува кариерата и ќе му се посвети на своето семејство, но повикот од шпанскиот великан очигледно лесно го премисли и ќе има можност за „второ пензионирање“.
-
Свет23 часа
Аргентина ремизираше, Меси се пожали за „базенот“ на кој се играше: Не можеа да се врзат две додавања (Видео)
-
Италија20 часа
Канаваро потсети на каков бизарен начин дознал дека ќе ја освои „Златната топка“
-
Англија18 часа
Ди Канио: Директорите на Јунајтед треба да бидат уапсени зошто продадоа таков играч!
-
Шпанија21 час
Шустер за лошата игра на Реал: Проблемот не е само во Мбапе
-
Англија14 часа
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
Свет22 часа
Халанд постави рекорд, па во свој стил ги шокирал соиграчите: Дознавме за убавата вест преку Инстаграм (Фото)
-
Шпанија19 часа
Араухо: Во клубот се изненадени од рехабилитацијата на тешката повреда
-
Лига на нации23 часа
Голманот на Црвена Звезда направи почетнички кикс, Камавинга се смееше при прославата на голот (Видео)