Поврзете се со нас

Италија

Јувентус ќе има само неколку резервни играчи на гостувањето кај Астон Вила

Објавено

на

Фото: twitter.com/juventusfc

Јувентус го продолжува настапот во Лигата на шампионите со тешко гостување кај Астон Вила, а голем проблем за тренерот Тиаго Мота е бројот на повредени играчи.

Во пресрет на патувањето во Англија, италијанскиот клуб го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат во комбинација на „Вила Парк“, со што само се потврдени уште две важни отсуства кај утрешните гости.

Душан Влаховиќ и Вестон МекКени не се дел од официјалниот список и ќе ја продолжат рехабилитацијата во Торино, со што Мота остана без двајца играчи кои најчесто се дел од стартната постава.

Средниот ред е најпроблематичен за Јуве, бидејќи на списокот има само четворица играчи, односно Локатели, Фаџоли, Тирам и Копмајнерс. Ако не се сметаат голманите, Италијанците патуваат со 14 играчи, односно ќе имаат само четворица резервни фудбалери на оваа средба.

Дел од медиумите објавија дека Теун Копмајнерс играл со висока температура на дербито со Милан, но лекарскиот тим се погрижил за овој проблем и Холанѓанецот ќе биде подготвен за настап против Астон Вила.

Натпреварот се игра утре од 21 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни