Италија
Јувентус ќе дозволи трансфер на Камбијасо во Сити само под еден услов

Манчестер Сити френетично се обидува да го освежи тимот во јануарскиот преоден рок, а менаџерот Пеп Гвардиола се надева дека со „свежа крв“ ќе успее да ја врати екипата на препознатливата патека и поблиску до премиерлигашкиот врв.
Откако обезбеди дефанзивец од Ленс и е блиску до потписот на Омар Мармуш од Ајнтрахт, Сити сега се фокусирал на бековските позиции и го пикирал Андреа Камбијасо.
Италијанецот се смета за еден од фудбалерите со најголем потенцијал на „чизмата“, па иако сезонава не игра во најдобра форма, го привлекол вниманието на англискиот шампион.
Англиските медиуми тврдат дека Сити е подготвен без проблем да исплати 60 милиони евра за Камбијасо, но Јувентус го информирал ривалскиот клуб дека може да се надева на ваков трансфер само под еден услов.
Истиот подразбира дека во клупската каса на „бјанконерите“ ќе пристигнат 80 милиони евра и ништо помалку, сума која е проценета како доволна да ја оправда разделбата со еден од најквалитетните играчи во составот на Тиаго Мота и тоа среде сезона.
Јувентус плати 13 милиони евра за потписот на Камбијасо во 2022 година, а деновиве веќе промовираше засилување на бековските позиции во Португалецот Алберто Кошта.
-
НБА13 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет11 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Италија23 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција9 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Балкан12 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Англија22 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…
-
Лига на шампиони13 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..