Поврзете се со нас

Италија

Јувентус казнет од ФИФА поради клаузула во договорот за продажба на Бенатија

Објавено

на

Фудбалските клубови вклучуваат разни клаузули во договорите за купување или продажба на своите фудбалери, но дел од нив очигледно не се во рамките на дозволеното и она што го предвидува ФИФА.

Доказ за тоа е паричната казна која ја добил Јувентус поради клаузула во договорот за продажба на Медхи Бенатија во редовите на катарски Ал Духаил.

Иако тој трансфер беше реализиран одамна, односно уште на половина на минатата сезона, италијанските медиуми ја откриле случајно прегледувајќи ги илјадниците одлуки кои ги донеле телата на ФИФА изминатиот период.

Јувентус бил казнет со 37.200 евра, поради фактот што го ограничила катарскиот клуб дека не смее да го продаде Бенатија во Интер, Милан, Рома, Наполи, Лацио и ПСЖ до летото во 2021 година.

Казната која би ја платил Ал Духаил ќе изнесувала 5 милиони евра, велат деталите од договорот меѓу двата клуба, но ФИФА очигледно сака да ги спречува ваквите клаузули кои не се реткост на европската сцена и за кои останува да видиме дали ќе бидат санкционирани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни