Јувентус ја промени стратегијата со сезонските билети, го најави и отворањето на својот хотел

alianz-1

Актуелниот италијански првак Јувентус вечерва објави дека 95 проценти од сезонските билети биле обновени од страна на навивачите, но преостанатите нема да бидат продавани на други фанови.

Одлуката на клубот е да го намали бројот на сезонски билети на 27.700 седишта, со што за секој натпревар ќе има поголем број на слободни билети за останатите навивачи, кои досега не можеа да дојдат до таква шанса.

Почетокот на сезоната ќе биде одбележан и со отворањето на „Ј Хотел“, првиот хотел во светот поврзан со фудбалски клуб, а кој е лоциран до стадионот и тренинг базата на „бјанконерите“. Јувентус е сопственик на 40 проценти од акциите на хотелот чие управување му е доделено на компанија од тој бизнис, а официјално е со четири ѕвездички и има 138 соби. Отворањето е закажано за 24. август, а дотогаш еден дел е наменет за фудбалерите и тренерот Сари кои се уште немаат обезбедено живеалиште.

Facebook Коментари