Поврзете се со нас

Италија

Јувентус ја повтори епизодата „Дибала“ и се раздели со уште еден фудбалер

Објавено

на

Јувентус направи уште еден чекор со кој ја потврдува сериозната реконструкција на тимот во текот на летото, па денеска стана јасно дека нема да се водат преговори за продолжување на договорот со уште еден фудбалер.

Откако неодамна беше соопштено дека Пауло Дибала ќе го напушти Торино по крајот на сезоната и со него се прекинати преговорите за нов договор, денеска стана јасно дека истото ќе се случи и со Федерико Бернардески.

Италијанскиот репрезентативец го одработи целиот договор со „бјанконерите“ откако пристигна како важно засилување од Фиорентина, но никогаш не ги оправда очекувањата на фановите.

Раководството на Јувентус денеска имало средба со агентот на Бернардески, а по истиот станало јасно дека клубот не го планира овој фудбалер во својот нов проект, а со тоа не може ниту да му понуди ни одблиску слична плата како досегашната.

Во петте сезони минати во Торино, Бернардески одигра 133 натпревари и постигна само 8 гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни