Поврзете се со нас

Италија

Јувентус ја потврди разделбата со светскиот шампион, Бекам пред реализација на првото звучно засилување (Видео)

Објавено

на

Крајот на сезоната донесе многу промени во Јувентус со самиот отказ кој го заработи Маурицио Сари, како и назначувањето на Андреа Пирло кој ќе го води тимот во новата натпреварувачка сезона.

Оваа вечер, пристигна потврда дека еден од најискусните играчи во тимот предвреме го завршува договорот со Јувентус, откако клубот пронајде заеднички јазик со Блес Матуиди за безболна разделба.

Јувентус со официјално соопштение и видео му се заблагодари на светскиот шампион за сиот придонес кој го имаше во изминативе три години, во кои играчот за врска освои пет титули.

– Со нашите бои на грбот, Матуиди се бореше и играше од срце на секој меч, пласираше константен притисок кон противниците и ги распарчуваше нивната играч. По три години и пет освоени титули од кои три Скудета, Матуиди и Јувентус си кажуваат збогум по взаемен договор за предвремен прекин на договорот, – гласи објавата на Јуве.

Како што стојат работите, Матуиди е во напредни преговори со Дејвид Бекам за трансфер во неговиот клуб, па по се изгледа, Интер Мајами своето прво звучно име од Европа ќе го добие од Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни