Поврзете се со нас

Италија

Јувентус ја потврди повредата на Ди Марија и ги разочара фановите

Објавено

на

Фото: twitter.com/juventusfc

Фановите на Јувентус можат да бидат задоволни со резултатот постигнат во премиерното коло на Серија А, но разочарувачка е информацијата дека уште на првата средба се повреди едно од најважните засилувања.

Анхел Ди Марија го постигна првиот гол во дресот на „бјанконерите“ против Сасуоло, но предвреме го заврши натпреварот поради повреда на адукторот.

Денеска, Аргентинецот бил на детални прегледи и на истите е утврдено мало кинење на мускулот, што значи и принудна пауза за „Фидео“.

Јувентус во соопштението објави дека Ди Марија ќе биде следен од лекарите, но следниот преглед ќе биде направен по 10 дена.

Тоа значи декаа Ди Марија нема да биде во комбинација за дуелот со Сампдорија, а најверојатно и за дербито со Рома закажано за 27. август.

Уште претходно, повреда заработи и Пол Погба, повратникот во тимот кој требаше да биде нов лидер на Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни