Италија
Јувентус ја потврди незгодната повреда на Копмајнерс
Теун Копмајнерс одигра само едно полувреме на дуелот меѓу Јувентус и Калјари, а дури денеска неговиот клуб објави поради каков проблем бил повлечен од игра од страна на тренерот Тиаго Мота.
Холандскиот интернационалец не можеше да одговори на повикот за настап во националниот тим, а денеска направил и детални прегледи, по што била утврдена повредата која го оддалечува од тренинзите и терените.
Јувентус објави дека има мала фрактура на ребро, што значи дека Копмајнерс ќе мора да биде многу внимателен наредниве недели, паралелно поминувајќи низ процесот на рехабилитација.
Тешко е да се предвиди колку долго засилувањето од Аталанта нема да настапува за Јуве, но речиси сигурно е дека нема да биде подготвен за дербито со Лацио.
Добро информираниот „Тутоспорт“ пренесува дека Копмајнерс не е сигурен за настап ниту против Штутгарт и на големото дерби со Интер, што значи дека Јувентус нема да смета на важен играч на три многу важни натпревари во серија.
-
Италија8 часа
Балотели се врати во Серија А, Џенова славеше на „Енио Тардини“ и излезе од опасната зона (ВИДЕО)
-
НБА19 часа
Несопирливиот Дончиќ си поигруваше со играчите на Орландо (Видео)
-
Лига на шампиони15 часа
Мората пред враќањето во Мадрид: Не верувам дека работите се промениле на „Бернабеу“
-
Шпанија14 часа
Анчелоти со болна најава: Фудбалот треба да се прекине!
-
Свет19 часа
Мурињо објави видео за фудбалската лакрдија во Турција: Гледајте и смејте се!
-
Англија18 часа
Шок за Шпанецот: Артета останува без својот најверен соработник во Арсенал!
-
Англија20 часа
Бруно откри што му кажал на Тен Хаг: Кога еден тренер заработува отказ, тоа значи……
-
Англија13 часа
Постекоглу го седна нервозниот Сон на клупа, па даде кратко објаснување