Поврзете се со нас

Италија

Јувентус ја одредил цената за продажба на Влаховиќ како најава за сигурна разделба во јуни

Објавено

на

foto: x.com/juventusfcen

Душан Влаховиќ остана во втор план кај тренерот Тиаго Мота по доаѓањето на Рендал Коло Муани во Торино, а тоа е само уште една потврда на најавите дека Јувентус планира разделба со српскиот напаѓач.

Влаховиќ не успеа да ги оправда целосните очекувања во периодот кога имаше гарантирано место во стартниот состав, а сега дојде во ситуација да добива мала минутажа од клупата за резерви на важни дуели како тие со Интер и ПСВ.

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус веќе донел одлука за ова прашање и јасно е дека Влаховиќ не е во плановите на Мота, па се очекува негова продажба во летниот преоден рок.

Очекуваната трансфер сума од 30 милиони евра е најава дека „бјанконерите“ лесно ќе најдат заинтересирана страна, по што Влаховиќ би бил продаден една година пред истекувањето на неговиот договор.

Она што посебно му пречи на клубот во фазата на намалување на трошоците е неговата плата од 12 милиони евра, која отскокнува од актуелната стратегија и ќе биде сериозно олеснување за Јуве по најавениот трансфер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни