Поврзете се со нас

Италија

Јувентус испрати фудбалер во Лацио, не ја доби замената од Болоња

Објавено

на

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри, имал само едно барање за јануарскиот преоден рок, но клубот не успеа да го реализира.

Алегри побарал засилување на позицијата лев бек и тоа во враќање на позајмениот Андреа Камбијасо од Болоња, но од другата страна е добиен негативен одговор.

Камбијасо е на заем до крајот на сезоната, па Јувентус не успеал да ја убеди Болоња истиот порано да заврши и фул-бекот кој има одлична сезона да заигра во редовите на „бјанконерите“.

Ситуацијата е пофрустрирачка за фановите поради фактот што Јуве го испрати Лука Пелегрени во Лацио.

Левиот бек во првиот дел од сезоната настапуваше за Ајнтрахт, а сега се сели во Рим, при што Лацио ќе може да го откупи неговиот договор за 13 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни