Поврзете се со нас

Италија

Јувентус има договор со двајца фудбалери, се чека само разделбата со Рабио

Објавено

на

Фото: twitter.com/juventusfc

Ангажирањето и промоцијата на Филип Костиќ како нов фудбалер очигледно нема да бидат последни активности на Јувентус во овој преоден рок.

Италијанскиот клуб се надева дека Адриен Рабио ќе ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед, бидејќи тоа е клучен момент за комплетирање на преговорите со две нови засилувања.

Најдобро информираните италијански новинари пренесуваат дека Јувентус веќе го убедил Мемфис Депај и има договор за неговите лични услови, а тоа важи и за Леандро Паредес.

„Бјанконерите“ чекаат официјална разделба со Рабио за да можат да ги финишираат преговорите со Барселона и ПСЖ, при што и двете страни не би требало да прават проблеми бидејќи сакаат да се ослободат од Депај, односно Паредес.

Манчестер Јунајтед сериозно притиска за Рабио, а доказ е и доаѓањето на спортскиот директор Џон Мартоу во Торино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни