Поврзете се со нас

Италија

Јувентус и Атлетико во последен момент го променија планот за меѓусебниот дуел

Објавено

на

Натпреварот со Атлетико Мадрид беше планиран како генерална проба за Јувентус пред почетокот на новата сезона, но италијанскиот и шпанскиот клуб се најдоа во незавидна позиција.

Случувањата во Израел и нарушената безбедносна ситуација не дозволува дуелот да се игра во Тел Авив како што беше планирано, па клубовите и промотерот мораа да смислуваат нова солуција.

Наместо фудбалско дерби пред полни трибини, Јуве и Атлети сега ќе мора да играат во Торино и тоа во тренинг центарот на „бјанконерите“.

Вонредната ситуација донела изнудено решение, па Јувентус ќе му биде домаќин на Атлетико во „Континаса“, без присуство на публика.

Натпреварот ќе биде пренесуван од италијанските медиуми како утеха за фановите, а Алегри и Симеоне ќе можат да ги проверат своите состави пред почетокот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни