Поврзете се со нас

Италија

Јувентус и Аталанта се договориле за Копмајнерс, останува само уште една работа

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

Јувентус имаше поставено цели и приоритети за овој летен преоден рок, а една од истите беше да се доведе холандскиот репрезентативец, Теун Копмајнерс.

Веќе некое време Јувентус го „мерка“ играчот од средината на теренот, но сега се создадоа услови за да притисне и го добие неговиот потпис. Холанѓанецот исто така сака да се пресели во Торино, па повеќе од јасно е дека има услови за ваква операција, но Аталанта не попушташе и сакаше истата да се оствари под нивни услови.

Според „Газета Дело Спорт“ двете страни успеале да пронајдат заеднички јазик и си подале рака за сума од 55 милиони евра.

Меѓутоа зделката ќе се комплетира откако Аталана ќе пронајде соодветна земена, а во игра се Марко Брешанини од Фрозиноне и Мет О’Рајли од Селтик, а може и двајцата да слетаат во Бергамо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни