Поврзете се со нас

Италија

Јувентус и Алегри си подадоа рака и сепак нема да завршат на суд (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Масимилијано Алегри на доста неславен начин ја заврши својата втора етапа во Јувентус, без оглед на тоа што тимот го водеше до победа во големото финале на Копа Италија.

Јувентус најде решение за Аталанта и турбулентната сезона ја заврши со освоен трофеј, но што е уште поважно, беше оставрена и примарната цел која ја постави Макс на стартот на месец август.

Јуве обезбеди место во Лигата на шампионите и тоа беше целта која Алегри ја потенцираше како најважна уште од почетокот, а откако беше остварена со трофеј плус во Купот, тој не го дочека крајот на сезоната.

Алегри беше отпуштен од Јувентус брзо по финалето во Купот и клубот во своето образложение го осуди однесување на тренерот за време и по мечот со Аталанта, па поради спорот кој настана, имаше сериозни најави дека решение ќе се бара на суд.

Макс беше отпуштен една година пред да му истече договорот и тренерот сметаше дека му е нарушен угледот со начинот на кој реагираше клубот, но сега после неколку недели од инцидентот, двете страни сепак седнале на заедничка маса и спогодбено го решиле проблемот.

Јувентус преку официјално соопштение информираше дека двете страни заедно се договориле за взаемно прекинување на договорот, што значи дека си подале рака и ќе биде избегнат судски спор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни