Поврзете се со нас

Германија

Јувентус и Ајнтрахт во нови преговори, овој пат за трансфер во спротивна насока

Објавено

на

Филип Костиќ денеска пристигна во Торино и веднаш се упати на вообичаените медицински прегледи, по што ќе го потпише договорот со Јувентус.

Додека фановите на „бјанконерите“ ја очекуваат промоцијата на српскиот фудбалер, италијанските медиуми тврдат дека двата клуба преговараат и за друг играч.

Овој пат се работи за трансфер во спротивна насока, односно составот на Ајнтрахт би можел да биде засилен со Лука Пелегрини.

Левиот бек кој е повремен италијански репрезентативец не е во прв план кај Макс Алегри, а неговите агенти веќе се во преговори со бундеслигашот.

Пелегрини првично би отишол во Ајнтрахт на заем, а германскиот клуб во иднина би можел да го откупи неговиот договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни