Поврзете се со нас

Италија

Јувентус го загуби Тодибо, хрватски фудбалер е нова опција за дефанзивно засилување за Мота

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

Англиските медиуми тврдат дека Вест Хем дефинитивно го договорил пристигнувањето на Жан-Клер Тодибо и успеал да му го „украде“ на нерешителниот Јувентус во последен момент, по што италијанскиот клуб веќе почнал да размислува за достапните алтернативи.

Во рамките на преговорите за заемот на Даниеле Ругани во Ајакс, наводно се појавила опцијата во спротивна насока да пристигне 24-годишниот Јосип Шутало.

Само една сезона откако Ајакс му плати на Динамо повеќе од 20 милиони евра, хрватскиот стопер би можел да се пресели во Торино, за сума од 15 милиони евра која може да биде платена и по едногодишен заем.

Новиот тренер Тиаго Мота инсистира да добие фудбалер кој е подготвен да биде првотимец и вистинска конкуренција на актуелните дефанзивци, а Шутало би требало да ги исполни неговите очекувања со оглед на досегашните настапи со кои си обезбеди и трансфер во Холандија.

Тодибо долго го чекаше Јувентус, но неубедливата понуда и тактизирањето го налутило Французинот, па тој и дал зелено светло на Ница да договори трансфер во редовите на Вест Хем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни