Поврзете се со нас

Италија

Јувентус го продолжи договорот со талентиран Аргентинец кој се приближува до првиот тим

Објавено

на

Италијанскиот клуб Јувентус денеска официјално го продолжи договорот со фудбалер кој во моментов е член на У-23 тимот и се очекува наскоро да добие посериозна шанса и во првиот тим на „бјанконерите“.

Се работи за Аргентинецот Матијас Суле, кој веќе на 18 години се наметна со своите квалитети, поради кои фановите го споредуваат со Пауло Дибала, иако основната позиција му е десно крило.

Суле е производ на младинската академија на Велез, минатата година дојде во Јувентус, набрзина е префрлен од Примавера во У-23 тимот, а по потреба е повикуван и во првиот тим од страна на Макс Алегри.

Според новиот договор кој сигурно е и финансиски потежок, Суле ќе остане во Јувентус до 2024 година, со опција престојот да биде продолжен уште две години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни