Италија
Јувентус го продолжи договорот со својот најважен дефанзивец
Раководството на Јувентус летово се обидува да продаде речиси цел тим предводен од играчи како Киеза, Милик и Шчесни, но во меѓувреме успева да реализира дел од останатите приоретите.
Покрај засилувањата за тимот на Тиаго Мота, денеска е потврдено и дефинитивното останување на Гилсон Бремер, дефанзивецот за кого беа заинтересирани повеќе премиерлигаши, расположени да ја платат и откупната клаузула од 60 милиони евра.
Сепак, Јуве го убедил Бразилецот да потпише продолжување на договорот до 2029 година, со што фудбалерот сигурно добил подобри финансиски услови, а клубот ќе биде позаштитен пред нападите на побогатите клубови следното лето.
Иако не е потврдено, се претпоставува дека откупната клаузула во договорот на Бремер ќе биде многу повисока, па во случај на евентуален трансфер, ќе се прашува и Јувентус и неговата желба да се откаже од дефанзивецот.
Бремер зад себе има две сезони во редовите на „бјанконерите“, каде дојде од градскиот ривал Торино и стана незаменлив дел од одбраната на Јувентус.
View this post on Instagram
-
Италијапред 17 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Формула 1пред 15 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Германијапред 16 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Шпанијапред 20 часа
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Англијапред 19 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул
-
Шпанијапред 16 часа
Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија
-
Шпанијапред 10 часа
Гундоган за Чави: Луѓето велат дека не освоивме ништо, но………