Поврзете се со нас

Италија

Јувентус го продолжи договорот со големиот потенцијал во средниот ред

Објавено

на

Јувентус е активен во финишот на преодниот рок и тренерот Макс Алегри се уште нема комплетна слика за составот со кој ќе располага, но од денеска е јасно дека долга иднина кај „бјанконерите“ ќе има еден од најталентираните италијански фудбалери во својата генерација.

Николо Фаџоли го продолжил договорот со Јувентус до 2026 година, епилог кој беше најавен и претходно, со што и фудбалерот покажа дека верува во клупскиот проект и неговото место во него.

Останува нејасно дали Фаџоли уште сезонава ќе се бори за минутажа во првиот тим, или ќе реши да оди на заем како минатата година.

Претходната сезона тој настапуваше за Кремонезе, екипата на која и помогна да се пласира во Серија А.

Талентираниот Николо е дел од Јувентус од 2015 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни