Поврзете се со нас

Италија

Јувентус го претстави новиот дрес и најави американска турнеја со атрактивни ривали (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус и натаму е во исчекување на евентуална казна од федерацијата, поради што „бјанконерите“ не се сигурни во пласманот во Лигата на шампионите, но тоа не го спречува клубот да ги реализира другите вообичаени активности.

Италијанскиот клуб традиционално го претставува дресот за следната сезона во финишот на претходната, па Јувентус официјално ја најави основната комбинација за сезоната 2023/24, која фудбалерите веројатно ќе ја носат барем на еден натпревар сезонава.

Речиси истовремено, Јувентус објави и американска турнеја во летниот период, односно за време на подготовките за новата сезона.

Торинскиот состав ќе одигра три натпревари во Калифорнија и Флорида меѓу 22 јули и 2 август, а противници ќе му бидат Барселона, Реал Мадрид и Милан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни