Поврзете се со нас

Италија

Јувентус го официјализираше враќањето на Кјелини во клубот

Објавено

на

Foto:twitter.com/LAFC

Џорџо Кјелини се врати во Јувентус и во иднина ќе извршува менаџерска функција, – потврди денеска италијанскиот клуб.

Поранешниот дефанзивец долго беше и капитен на „бјанконерите“, а кариерата ја заврши во МЛС како член на Лос Анџелес, каде кратко извршуваше и директорска функција.

Кјелини доби функција со која ќе го претставува клубот во комуникацијата со останатите клубови, федерации и други фудбалски субјекти, нешто за што и се подготвуваше со формалното образование, но и краткиот престој во американскиот клуб.

– Џорџо Кjелини никогаш не престанал да биде црно-бел: во неговото срце, во душата, во вредностите кои секогаш ги толкувал, на теренот и надвор од него. Од 16. септември тој ќе носи менаџерски дрес на Јувентус во улога на прв човек во односите со фудбалските институции, – стои во соопштението на Јувентус.

Кјелини во менаџерската хиерархија е поставен под Извршниот директор Маурицио Сканавино.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни