Поврзете се со нас

Италија

Јувентус го потврди трансферот на голманот со најмногу одбрани во Серија А

Објавено

на

foto: x.com/juventusfc

Италијанскиот прволигаш Јувентус официјално го потврди трансферот на голманот кој минатата сезона ја заврши со најмногу одбрани во Серија А-тоа е 26-годишниот Микеле Ди Грегорио.

Ди Грегорио имаше дури 127 интервенции на 33 мечеви во Калчото, а воедно беше и лидер на листата на најмногу одбрани на еден меч и тоа против Наполи (9).

Тој во Торино доаѓа од редовите на Монца, позајмица со право на откуп или поточно целата операција ќе го чини Јувентус 18 милиони евра.

Микеле беше прогласен за најдобар голман во Калчото во претходнава кампања, па тоа свое знаење, кавлитет и умешност треба да ги прененесе во дресот на „бјанконерите“. Италијанецот ќе биде прв голман на Јуве, поточно ќе го заземе местото на Војчех Шчесни кој треба да се пресели во Саудиска Арабија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни