Поврзете се со нас

Италија

Јувентус го потврди првото зимско засилување, второто од ПСЖ исто така пристигна во Торино (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfc

Јувентус за сума од 15 милиони евра го потврди Алберто Кошта како прво зимско засилување во овој јануарски преоден рок, а бидејќи фудбалерот од Португалија веќе позираше во клупските простории, вработените во Торино веќе се подготвуваат за нова промоција.

Неколку часа по потврдата за ангажанот на талентираниот фудбалер кој игра како десен бек, во Торино пристигна и далеку позвучно име, односно досегашниот напаѓач на ПСЖ.

Коло Муани се очекува да биде огромно засилување за Тиаго Мота во вториот дел од сезоната, бидејќи Јувентус договори позајмица со ПСЖ до крајот на сезоната.

Францускиот репрезентативец вечерва пристигна во Торино и сега го чекаат уште неколку чекори до официјалната промоција, по што и дефинитивно ќе стави потпис на договорот со италијанскиот великан.

Коло Муани пред само 18 месеци направи висок трансфер вреден 95 милиони евра од Ајнтрахт во ПСЖ, но неполни две години подоцна се најде во ситуација да биде прекуброен во системот на Луис Енрике.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни