Поврзете се со нас

Италија

Јувентус го потврди договорот и објасни зошто му ја довери тренерската функција на Пирло (Фото)

Објавено

на

Неполн час по најавата на угледните италијански новинари дека Андреа Пирло ќе биде нов тренер на Јувентус, италијанскиот првак излезе со официјално соопштение за оваа вест, потврдувајќи ја најавата во рекорден рок.

Турбулентиот ден во Торино започна со отказот на Маурицио Сари по елиминацијата во Лигата на шампионите, продолжи со низа на звучни имиња како кандидати за потенцијални наследници, за на крајот да му се даде довербата на човекот кој пред десет дена беше промовиран како тренер на тимот до 23 години.

Судбината посака Пирло многу побрзо од очекувањата да го преземе првиот тим на Јувентус, а клубот во своето официјално соопштение објасни зошто му се дава доверба на легендарниот играч за врска.

– Денеска Пирло започнува нова етапа во неговата кариера. Пред една седмица од Маестро стана Мистер, а од денеска ќе биде тренер за луѓето во Јувентус. Клубот одлучи да искаже доверба и да му го довери првиот тим, откако претходно го селектиравме за тимот до 23 години.

– Денешниот избор е базиран на вербата која ја имаме во Пирло, сметаме дека има се што е потребно уште во своето деби на клупата да води талентиран состав кој ќе го одведе до нови успеси, – гласи официјалното соопштение на Јуве во кое е потврдено дека Пирло потпишал договор до 2022-ра година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни