Италија
Јувентус го отвори новото коло со победа над Специја (Видео)

Јувентус чекаше долго да постигне гол и да го отвори резултатот против Специја, но на крајот стигна до убедлива победа со резултат 3:0.
Домаќините влегоа на средбата со десеткуван состав, а на загревањето останаа и без Де Лихт, па Фработа беше принудна алтернатива во тимот на Андреа Пирло.
Во првото полувреме Јувентус не реализираше, најблиску беше во финишот кога Роналдо погоди дирек, но Специја издржа до 62. минута.
Пирло ги уфрли Бернардески и Мората и една минута подоцна првиот асистираше, а вториот рутински погоди за предност која мораше да биде потврдена со ВАР по неколку минути анализа дали имало офсајд.
Девет минути подоцна, Бернардески забележа и втора асистенција, а овој пат реализатор беше Киеза, кој ја најави победата на фаворитот.
Точка на средбата Јувентус стави по една контра во која Бентанкур го проигра Роналдо, а овој без проблеми ги постави конечните 3:0.
Специја во последната минута од продолжението доби шанса да намали од пенал, но резервистот Галабинов шутираше слабо и Шчесни успеа да спречи гол на гостинскиот тим.
Јувентус стигна до 49 бодови и задржување на третото место на табелата, додека Специја останув на 25 бодови и во долниот дел на табелата.

- Шпанијапред 17 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 19 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 16 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 18 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 20 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 21 час
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 16 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 17 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити