Поврзете се со нас

Италија

Јувентус го освои „Артемио Франки“ и ја продолжи победничката серија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Екипата на Јувентус успеа да слави над Фиорентина со 1-0 во последната денешна средба во Калчо лигата.

Ова за „старата дама“ е четврта победа во низа, победа која е слична на останатите со оглед на тоа што беше сочувана својата мрежа. Јуве претходно ги реши Торино (2-0), Милан (1-0), Верона (1-0), а пак вечерва го освои „Артемио Франки“ и тоа со погодок во раната фаза.

Се играше 10 минута кога српскиот репрезентативец Костиќ го пронајде Мирети кој ја спроведе топката во мрежата на „виолетовите“.

Домаќините потоа се обидуваа, бореа да дојдат барем до реми, но не пронајдоа начин да го матираат Шчесни.

Јувентус сега има 26 бода и е на втората позиција, односно е на минус два во однос на лидерот Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни