Јувентус го објави списокот за ЛШ, настрадаа две ѕвезди на „бјанконерите“

sari

Италијанскиот клуб Јувентус и сезонава ќе има големи амбиции во Лигата на шампионите, а тренерот Маурицио Сари се соочи со сериозен проблем поради ограничениот број фудбалери кои можеше да ги пријави за настап во првата фаза.

Повредата на Џорџо Кјелини значеше дека тој ќе биде еден од трите ѕвезди кои нема да имаат право на настап во Европа во групната фаза, а вечерва стана јасно дека на списокот ќе ги нема Марио Манџукиќ и Емре Џан.

Ваквата одлука на Сари беше половично најавена бидејќи стана јасно дека Игуаин ќе има предност во однос на Манџукиќ, а дилемата кој од играчите за врска ќе биде надвор од листата. Во случајов, Рабио, Рамзи и Бентанкур добија предност во однос на Џан, кој ќе мора да чека шанса за нокаут фазата.

Facebook Коментари