Поврзете се со нас

Италија

Јувентус го обезбеди Даглас Луиз, сега тргнал по француски играч за врска

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Раководството на Јувентус се обидува да исполни дел од желбите на новиот тренер Тиаго Мота, а првиот фудбалер за кој „бјанконерите“ долго преговараа, но на крајот успеаја да го договорат е Даглас Луиз.

Досегашниот фудбалер на Астон Вила ќе пристигне во Торино, додека во спротивна насока ќе одат Илинџ Џуниор и Баренечеа, како и околу 20 милиони евра за англискиот клуб.

Луиз деновиве ќе ги мине лекарските прегледи во САД, каде настапува на Копа Америка со бразилската репрезентација, а во присуство на претставник на лекарскиот тим на Јувентус.

Најдобро информираните медиуми, вклучувајќи го и новинарот Џанлука Ди Марцио сега тврдат дека спортскиот директор Кристијано Џунтоли веќе го свртел фокусот кон друг фудбалер од средниот ред, а тоа е Кефрен Тирам.

Помладиот брат на напаѓачот на Интер, Маркус и син на поранешниот член на Јувентус, Лилијан Тирам е дел од составот на Ница, а италијанскиот клуб веќе стапил во контакт со Французите околу евентуалната трансфер сума за овој фудбалер.

Ди Марцио тврди дека Јувентус ќе атакува на Тирам без разлика дали Адриен Рабио ќе реши да го продолжи договорот или ќе замине во друга средина, а трансфер сумата не би требало да надмине 18 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни