Поврзете се со нас

Италија

Јувентус го купи најголемиот црногорски талент за 2 милиони евра (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfc

Јувентус ќе претрпи посериозни промени во играчкиот кадар ова лето, но клубот и натаму ја промовира и политиката која посебно се активираше во последните неколку години, односно продолжи да купува таленти од различни страни ширум светот.

Макс Алегри последната сезона им даде многу шанси на млади играчи од школата на Јувентус, а истата сега ќе биде побогата за еден од најголемите таленти од Балканот.

Јувентус денеска потврди дека официјално го купил 18-годишниот црногорски бисер, Василије Аџиќ, за кого план е да настапува за младинскиот тим, но и да тренира со првиот тим кој сега ќе го води Тиаго Мота.

Станува збор за офанзивен играч за врска кој може да покрие повеќе позиции во креативниот дел, но може а игра и како крило.

Јувентус за неговиот трансфер исплатил 2 милиони евра на Будуќност од Подгорица, со опција истиот да достигне вкупно 5 во вид на бонуси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни