Поврзете се со нас

Италија

Јувентус го кажа своето, Пјаниќ само на еден начин може да стигне во Барселона

Објавено

на

Веќе подолго време Јувентус и Барселона разгледуваат одредени опции за размена на играчи, доста информации излегоа низ медиумите за да денеска изненадувачки „Спорт“ соопшти дека Матија Де Шилјо и Миралем Пјаниќ ќе завршат на „Камп Ноу“, додека пак во спротивен правец ќе пристигне Нелсон Семедо со тоа што тимот од Торино ќе мора да плати плус 25 милиони евра.

Оваа вест потоа беше демантирана од новинарите кои имаат инсајдерски информации за да сега Скај Спорт Италија преку најистурениот „играч“, експертот Џанлука Ди Марцио порача дека Јувентус е подготвен да го испрати Пјаниќ во Каталонија само во случај да го добие Артур Мело.

Бразилецот веќе истакна дека не сака да ја менува средината, па Јуве најверојанот ќе мора да бара друго решение за Пјаниќ. Се споменуваат Манчестер Јунајтед и ПСЖ со Пол Погба и Леaндро Паредес, меѓутоа останува да видиме дали може да дојде до некоја размена, зделка од која сите би биле задоволни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни