Поврзете се со нас

Италија

Јувентус го избрал приоритетот за засилување на средниот ред во јануари

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Раководството на Јувентус планира да му доведе сериозно засилување на тренерот Макс Алегри во јануарскиот преоден рок, а како основа за инвестицијата е заштедата која е иницирана од допинг суспензијата на Пол Погба.

Италијанските медиуми тврдат дека „бјанконерите“ веќе започнале преговори со Удинезе за трансфер на Лазар Самарџиќ, со што српскиот репрезентативец би требало да ја продолжи кариерата во друг црно-бел дрес.

Покрај без Погба, Алегри остана и без Николо Фаџоли, кој пак е суспендиран поради нелегално обложување, па на екипата му е потребен играч за врска, при што Самарџиќ е детектиран како примарен избор.

Јувентус ќе се обиде да се договори со Удинезе за заем, со сума од 30 милиони евра за целосен откуп на договорот по крајот на сезоната, а фудбалерот би добил три пати поголема плата од таа што ја добива во актуелниот клуб.

Самарџиќ во последниот преоден рок беше пред трансфер во Интер, но истиот пропадна во последен момент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни