Поврзете се со нас

Италија

Јувентус ги заборави проблемите со Бонучи и му посвети избрани зборови на стоперот (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Фудбалската приказна меѓу Јувентус и Леонардо Бонучи заврши на неславен начин и стоперот во една фаза од штотуку завшрената сезона излезе со најави за тужба против поранешниот клуб, пред се поради фактот што сметаше дека му бил нарушен угледот и професионалната слика со начинот на кој беше третиран од „старата дама“.

Бонучи беше „замрзнат“ и отстранет од првиот тим и тоа го принуди да си бара експериментални решенија во последната сезона во својата кариера, а мора да се признае дека главен виновник за цела таа ситуација беше тренерот Макс Алегри.

Бонучи на крајот си замина од Торино со сериозно нарушен однос со тренерот, па сега кога тој веќе не е во клубот, Јувентус не пропушти шанса да му се обрати на Лео кој реши и официјално да стави крај на кариерата.

– Играчот кој одигра огромен дел од нашата понова историја, одлучи да го напушти фудбалскиот. Леонардо Бонучи одлучи да се повлече од фудбалот, најава која длабоко нè допира, бидејќи Лео своето име го врежа во архивите на Јувентус: 502 одиграни натпревари во црно-белиот дрес, со осум титули во лигата, четири Купови на Италија и пет италијански Суперкупа

– Тој беше наш столб и еден од познатото трио „BBC“ (Бонучи, Барѕалји и Кјелини), трио кое напишна многу легендарни страници во нашата историја. Се збогувавме со него минатиот септември, но нишата која не врзува непрекинато опстојува. Ниту сега кога Лео реши да отпочне ново поглавје во животот. Му посакуваме се најдобро, – гласи објавата на Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни