Поврзете се со нас

Италија

Јувентус ги врати Јужноамериканците, но патува во Малме без двајца италијански репрезентативци

Објавено

на

Јувентус утре ќе ја започне новата сезона во Лигата на шампионите со гостување кај Малме, а „бјанконерите“ се под голем притисок поради лошите резултати во домашното првенство.

Тренерот Макс Алегри во споредба со дуелот со Наполи ќе може да смета на јужноамериканските интернационалци, што значи враќање во првиот тим на Дибала, Куадрадо, Бентанкур, Сандро и Данило.

Сепак, Федерико Киеза и натаму не е подготвен за настап или Алегри не сака да ризикува и тој нема да патува во Шведска, а друштво му прави уште еден фудбалер кој често добива минутажа.

Се работи за Федерико Бернардески, кој на последниот тренинг се пожалил на болка во мускул, па Јувентус нема да ризикува ниту со овој италијански репрезентативец. Левиот бек Лука Пелегрини не е пријавен за настап во ЛШ и тој не е во конкуренција за оваа средба.

Арон Рамзи речиси без тренинг настапи од клупата на дербито со Наполи, а сега ќе конкурира за настап и на дуелот од Лигата на шампионите против Малме, кој утре започнува во 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни