Италија
Јувентус ги распродава играчите во Премиер лигата, па ќе носи нови засилувања

Од таборот на Јувентус нема да застанат со активностите на трансфер пазарот по ангажманот на Душан Влаховиќ од редовите на Фиорентина.
Италијанскиот клуб сега ќе работи на ослободување на дел од играчите кои немаат голема минутажа под водство на Алегри, но ќе се согласи на заминување и на играчи кои се стандардни, но за нив ќе пристигне примамлива понуда.
Таков е случајот со Родриго Бентанкур кој е посакуван од Тотенхем и Астон Вила. Понудата за директна позајмица од Тотенхем веднаш била одбиена, додека пак Вила понудила 20 милиони евра плсу пет милиони изразени во бонуси, нешто што Јувентус се уште не го има прифатено.
Сепак, според најавите оваа сума ќе биде мала, па двата клуба ќе треба повторно да преговараат за зголемување на цената.
На излезните врати е и Дејан Кулушевски за кого исто така заинтересиран е Тотенхем, а во опција е и тимот на Милан, а клубот веројатно ќе го напушти Алваро Мората, само доколку Барселона, Јувентус и Атлетико Мадрид се договорат за негово продолжување на „Камп Ноу“.
Откако ќе ги завршат сите овие трансфери, од Јувентус ќе се насочат кон ангажман на Денис Закарија од Мехенгладбах како и Натан Нандез од Калјари.
-
Францијапред 23 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 24 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Италијапред 20 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Англијапред 17 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Лига на шампионипред 20 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
НБАпред 23 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 13 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Шпанијапред 22 часа
Куман и Лапорта се сретнаа првпат по отказот, средбата потврди колку се „почитуваат“ (Видео)