Поврзете се со нас

Италија

Јувентус ги претстави новите дресови, првпат ќе ги носи во утрешното финале

Објавено

на

Веќе поранешниот италијански шампион Јувентус денеска официјално ги претстави дресовите за следната сезона 2021/22, односно првата и главна комбинација која очекувано подразбира црно-бела комбинација.

Класичните линии добија нова, модерна изведба, а инспирација за дресовите е и јубилејот на стадионот „Алијанц“ кој ќе одбележи десет години откако е дом на Јувентус.

Покрај главниот спонзор Jeep и ознаката 4xe која му припаѓа на овој автомобилски производител, на делот околу вратот, на дресовите на Јувентус ќе пишува и „10 години дома“, со цел одбележување на јубилејот на „Алијанц“.

Јувентус првпат ќе ги употреби новите дресови веќе утре, кога на „Мапеи“ ќе го одигра финалето на италијанскиот куп против Аталанта.

Женскиот тим на Јувентус кој веќе обезбеди нова титула, првпат ќе настапи со новата комбинација на дербито со Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни