Поврзете се со нас

Италија

Јувентус ги откупи договорите на двајца првотимци во составот на Мота

Објавено

на

Фото:twitter.com/juventusfc

Во пресрет на големото италијанско дерби меѓу Јувентус и Интер, италијанските медиуми пренесоа информација која вели дека „бјанконерите“ повлекле два важни потези во однос на ростерот.

Клубот од Торино има повеќе играчи кои се првично ангажирани на заем, но со откупна клаузула која може да се активира според одредени параметри или на барање на клубот.

Јувентус веќе ги активирал истите на првиот начин кај двајца важни фудбалери и најчесто првотимци во составот на Тиаго Мота, односно голманот Микеле Ди Грегорио и крилниот напаѓач Нико Гонзалес.

За својот нов прв голман, Јувентус веќе плати 4,5 милиони евра, но со активацијата на клаузулата, Монца ќе добие уште 13 милиони евра, плус евентуални 2 милиони евра во вид на бонуси.

Засега информацијата не е потврдена од клубовите, но очигледно денешното дерби ќе биде прв натпревар на кој Ди Грегорио ќе настапи со целосно откупен договор од Јувентус.

Истото важи и за Аргентинецот Гонзалес, кој пак на Фиорентина ќе и донесе 25 милиони евра.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни