Свет
Јувентус ги интензивирал преговорите за дефанзивец од холандското првенство
Долгата рехабилитација на Глеисон Бремер и Хуан Кабал отвори сериозна потреба од засилувања за одбраната на Јувентус, а спортскиот директор Кристијано Џунтоли веќе потврди дека клубот ќе биде активен на трансфер пазарот во јануари.
Приоритет е токму дефанзивната линија, а „Тутоспорт“ тврди дека Џунтоли и тренерот Тиаго Мота се согласиле околу еден конкретен чекор, односно обид за ангажирање на Давид Ханко од редовите на Феенорд.
Словачкиот репрезентативец игра квалитетно во составот од Ротердам и го привлекол вниманието на Јувентус, а Џунтоли поради него го следел и дуелот на Сити и Феенорд. Од друга страна, медиумот од Торино пренесува дека и агентот на Ханко бил на трибините на „Алијанц“ на неодамнешното соочување меѓу Јувентус и Сити во Лигата на шампионите.
Цената на Ханко е најмалку 35 милиони евра, па „бјанконерите“ ќе се обидат да го доведат првично на заем, за инвестицијата да ја комплетираат во летниот преоден рок.
26-годишниот фудбалер може да игра како стопер и лев бек и тоа оди во прилог на актуелните потреби, а веќе има искуство во Италија откако кратко беше член на Фиорентина.
-
Англија19 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП13 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија11 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација14 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија12 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија21 час
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија16 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…