Поврзете се со нас

Италија

Јувентус е немилосрден со Киеза поради неговиот договор со голем ривал

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Јувентус го елиминираше Федерико Киеза од плановите за актуелната сезона, а последната изјава на Тиаго Мота, но и информациите на дел од медиумите навестуваат дека речиси и да не постојат шанси за промена на ваквиот став.

Откако Вестон МекКени се повлече од своите барања за поголема плата и беше вратен на тренинзите на првиот тим, фановите се понадеваа дека истото сценарио може да се случи и со италијанскиот репрезентативец, па дури се тврдеше дека и неговиот татко Енрико ги презел преговорите од агентот за да ја смири ситуацијата.

Но, вчера Тиаго Мота потврди дека нема промени во неговиот став околу иднината на Киеза, а дел од медиумите тврдат дека таквата цврста позиција на Јувентус е поради фактот што клубот е сигурен дека Феде веќе има договор со Интер.

Неговиот договор истекува следното лето и тогаш ќе може да замине без отштета, па наводно Бепе Марота веќе го договорил Киеза, а притоа Интер ќе се обиде да го искористи период на истекување на договорот за помала понуда ова лето.

Раководството на Јувентус воопшто не е воодушевено што Киеза „флертувал“ со големиот ривал, па сега тој ќе мора да си најде нов клуб по соодветна трансфер цена и уште летово да го напушти Торино.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни