Поврзете се со нас

Италија

Јувентус доминираше во Малме, Недвед беше расположен за шеги (Видео)

Објавено

на

Јувентус вчера ја реши неизвесноста на дуелот со Малме уште во првото полувреме, па подоцна ја задржа предноста од 3:0 и до крајот на средбата.

Ова е прва победа за италијанскиот тим откако започна сезоната, па позитивниот резултат во Лигата на шампионите малку го подигна расположението кај навивачите, но и раководството на клубот.

За порелаксираната атмосфера сведочи и видеот кое стана вирално кај италијанските фанови, а на кое во главна улога е Павел Недвед.

Потпретседателот на Јувентус беше расположен за шеги, па малку си поигра со извршниот директор Маурицио Аривабене, кој заедно со Андреа Ањели го проследи потегот со насмевка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни