Италија
Јувентус договорил замена, деновите на Мота се изброени

Раководството на Јувентус досега јасно и јавно потенцираше дека актуелниот тренер Тиаго Мота ја има поддршката на клубот и решението за актуелната криза ќе се бара заеднички, но викендов може да донесе целосен пресврт во Торино.
Актуелниот менаџмент имал средба со Џон Елкан, претставник на фамилијата Ањели кој раководи со компанијата, најголем акционер во Јувентус и се чини дека Мота има се помали шанси да остане на тренерската функција до крајот на сезоната.
Италијанските медиуми лицитираат со имињата кои се во игра за итна замена на Мота, а најмногу се споменува Роберто Манчини.
Поранешниот италијански селектор и екс тренер на Интер нема ангажман откако ја напушти репрезентацијата на Саудиска Арабија, а се чини дека и покрај вообичаено поставените услови, не би го одбил предизвикот да седне на клупата на толку престижен клуб.
Манчини вообичаено има конкретни услови поврзани со траењето на договорот, но во случајов се согласил дури на и 4-месечен ангажман, со тоа што ќе може да го води Јувентус и на Светското клупско првенство.
Медиумите го споменуваа Игор Тудор, како екс играч и член на стручниот штаб на Јуве и стручњак кој може да го разбуди тимот, но наводно Елкан сака посигурно решение.
Најавите се дека Мота ќе ја води екипата на дуелот со Џенова во првото наредно коло во Серија А, но потоа може во секој момент да заработи отказ, пред се поради тоа што Јувентус веќе има обезбедено соодветна замена.
-
Шпанија15 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Шпанија20 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Англија18 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Европски купови7 часа
Алкалоид го „тресна“ Рунар и си го отвори патот кон финалето на Европскиот Куп
-
Англија11 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)
-
Лига на шампиони19 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Шпанија15 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)
-
Англија14 часа
Де Брујне ја откри вистината за заминувањето од Сити: Останав шокиран од веста која ми ја пренесоа